Muhammet Kurşun
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран е регистриран највисок број на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во текот на 24 часа, од почетокот на епидемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 163 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати во земјата пораснал на 11.571.
Бројот на откриени случаи со Ковид-19 во земјата, со раст од 2.560 во последното деноноќие, се зголемил на 240.438.
Според портпаролката, 3.168 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.