Ali Cura
20 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, во изминатите 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 починаа 161 лице, со што вкупниот број на починати се зголеми на 8.002, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 7.889 лица, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 576.952.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на оздравени достигнал 334.592, со пораст од 10.186 во последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,4 проценти, при што кај 32,7 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва детектирани се 1.057 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 212.978.
Во Москва во последните 24 часа од коронавирусот починаа 34 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.565.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата изнесува над 16.600.000, со раст од 339.000 во последните 24 часа.
Во соопштението исто така се наведува дека 310.000 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.