Zehra Ulucak,Mehmet Şah Yılmaz
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Интернет-страницата „Worldometer“ секојднено ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус што го зафати светот. Според последните податоци, во светот се детектирани 533.015 случаи на заразени со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, досега од последиците предизвикани од Ковид-19 починале 24.095 лица, а 124.387 се излекувале.
Пандемијата на Ковид-19 во континенталниот дел на Кина однесе 3.192 животи, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 4, во Италија 8.125, Шпанија 4.858, Иран 2.378, Франција 1.696, САД 1.301, В. Британија 578, Холандија 434, Германија 270, Белгија 220, Швајцарија 192, Ј. Кореја 139, Индонезија 78, Шведска 77, Бразил 77, Турција 75, Португалија 60, Јапонија 57, Филипини 45, Данска 41, Австрија 49, Канада 39, Ирак 36, Еквадор 34, Грција 27, Алжир 25, Малезија 24, Египет 24, Романија 23, Сан Марино 21, Индија 20, Ирска 19, Полска 16, Норвешка 14, Австралија 13, Аргентина 12, Мароко 11, Унгарија 10, Израел 10, Доминиканска Република 10...
- Земји со детектирани повеќе од 1.000 случаи на Ковид-19
Според интернет-страницата „Worldometer“, земји со детектирани над 1.000 случаи на Ковид-19 се:
САД 85.604, континентална Кина 81.340, Италија 80.589, Шпанија 57.786, Германија 43.938, Иран 29.406, Франција 29.155, Швајцарија 11.811, В. Британија 11.658, Ј. Кореја 9.332, Холандија 7.431, Австрија 6.909, Белгија 6.235, Канада 4.043, Турција 3.629, Португалија 3.544, Норвешка 3.372, Австралија 3.143, Израел 3.035, Бразил 2.985, Шведска 2.840, Јапонија 2.099, Малезија 2.031, Чешка 1.925, Данска 1.877, Ирска 1.819, Луксембург 1.453, Еквадор 1.403, Чиле 1.306, Пакистан 1.235, Полска 1.221, Тајланд 1.136, Романија 1.029 и Саудиска Арабија со 1.012 детектирани случаи на Ковид-19.