Büşra Selvi Öğütcen,Zuhal Demirci
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Откако во декември минатата година во кинескиот град Вухан за првпат се појави новиот тип коронавирус (Ковид-19) и за кусо време се прошири низ целиот свет, досега овој вирус е детектиран кај 34.837.123 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, објави дека од последиците на заразеност со Ковид-19 досега починале 1.033.342 лица.
Вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 34.837.123, а оздравеа 25.898.451 лице кај кои претходно бил дијагностициран Ковид-19. Во исто време продолжува лекувањето на 7.905.330 активни случаи.
САД се земја со најголем број смртни случаи и најголем број лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја вирусот е детектиран кај 7.549.323 лица, а од последиците на заразеност со коронавирусот починаа 213.524 лица.
Земји во светот, покрај САД, во кои има повеќе од 300.000 заразени со коронавирусот:
Индија (6.473.544), Бразил (4.882.231), Русија (1.194.643), Колумбија (841.531), Перу (821.564), Шпанија (810.807), Аргентина (779.689), Мексико (753.090), Јужноафриканска Република (677.833), Франција (589.653), Велика Британија (467.146), Чиле (466.590), Иран (464.596), Ирак (372.259), Бангладеш (366.383), Саудиска Арабија (335.578), Турција (321.512), Италија (319.908), Филипини (316.678) и Пакистан (313.984).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000:
Бразил (145.431), Индија (100.875), Мексико (78.492), Велика Британија (42.268), Италија (35.941), Перу (32.609), Франција (32.155), Шпанија (32.086), Иран (26.567), Колумбија (26.397), Русија (21.077), Аргентина (20.599), Јужноафриканска Република (16.909), Чиле (12.867), Еквадор (11.495), Индонезија (10.972) и Белгија (10.037).