Derya Gülnaz Özcan
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
АТИНА (АА) - Во Грција, во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19 донесена е одлука за зголемување на ограничувањата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, даде информации за новите ограничувања кои ќе стапат на сила од утре.
Привлекувајќи внимание на зголемувањето на случаите во Грција и ширењето на варијантата Омикрон, Плеврис истакна дека употребата на маски ќе биде задолжителна и во затворени простории и на отворено.
Плеврис исто така додаде дека во маркетите и во јавниот превоз ќе се користат двојни маски или специјални маски од типот КН 95, кои обезбедуваат висока заштита.
Истакнувајќи дека забавните активности планирани од општините на јавен простор ќе бидат откажани, Плеврис додаде дека се препорачува луѓето кои ќе присуствуваат на општествени настани, претходно да направат тест за Ковид-19.
Потсети на тоа дека сите посетители во Грција се обврзани да направат тест за Ковид-19 и дека се препорачува посетителите повторно да се тестираат на вториот и четвртиот ден од нивното пристигнување во Грција.
Плеврис, посочувајќи дека споменатите ограничувања ќе важат до 3 јануари 2022 година, рече дека во зависност од оценките на експертите и овластените лица, новите ограничувања може да продолжат и по 3 јануари 2022 година.