Barış Seçkin
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
РИМ
- Бариш СЕЧКИН
Новиот тип на коронавирус Ковид-19 кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се прошири во Италија и поради неговото брзо проширување, предизвика воведување карантин низ целата земја, пишува Агенција Анадолија (АА).
Италија, според бројот на заразени и смртни случаи е втора земја во светот по Кина, каде што епидемијата на вирусот Ковид-19 се појави за првпат.
Џулио Галера, одговорен претставник на регионалната власт за здравствена заштита на Ломбардија, во северна Италија, на 21 февруари соопшти дека во тој регион се регистрирани 6 случаи на заразени со Ковид-19, по што вниманието беше насочено на тоа подрачје.
Истиот ден, министерот за здравство, Роберто Сперанца, информираше дека вирусот се раширил и дека е зголемена бројката на заразени, додавајќи дека во 10 подрачја во северниот дел од земјата се воведени првите рестриктивни мерки, што стана предвесник на еден сосема друг период за Италија.
Подемот на детектираните случаи на Ковид-19 во Италија, од 21 февруари досега исцрта график со постојана нагорна линија. Бројот на смртни случаи повремено покажува намалување, но генерално се зголеми.

- Последниве денови се зголемува бројот на лица заразени со вирусот
Бројот на лица заразени од новиот тип на коронавирусот во Италија забрзано се зголеми, особено последните денови.
Според податоците што италијанската цивилна заштита ги објави вчера, во оваа земја бројот на заразени на 8 март изнесувала 7.375 лица, додека веќе на 9 март таа бројка е зголемена за 1.797 лица и изнесуваше 9.172. Оваа разлика претставува досега најголемо регистрирано зголемување.
Троцифрената бројка на смртни случаи и забрзаниот раст на заразените лица ја натера италијанската Влада да преземе превентивни мерки, не само на регионално, туку и на национално ниво.
- Декрети
Иако во прво време за решавање на кризата во која се наоѓа Италија премиерот Конте решение побара во регионални мерки, откако претходно издадените четири декрети немаа никаков ефект, синоќа објави нов декрет со построги правила на национално ниво.
Премиерот Конте на 22 февруари го издаде указот со кој се утврдени првите карантински области во Италија во кои кон средината на февруари епидемијата на коронавирусот се појави за првпат.
Премиерот Конте на 28 февруари издаде указ, со цел да се надомести економската штета што вирусот Ковид-19 ја предизвика во Италија, додека на 4 март со цел да не дојде до проширување на епидемијата, потпиша указ со кој се утврдуваат правилата за хигиена и потребните нешта на кои треба да се внимава во заедницата; основните, средните училишта и универзитетите привремено се затвораат до средината на март, а натпреварите од италијанската прва фудбалска лига Серија А ќе се играат без публика.
Откако издадените укази не вродија со плод, премиерот Конте на 8 март потпиша нов указ со кој подрачјето Ломбардија и 14 други области во потполност се ставени под карантин.
Како последно, Џузепе Конте синоќа го потпиша петтиот указ со кој воведениот карантин за подрачјето на Ломбардија и 14 други области, е надополнет и важи за целата теротирија на Италија.
- Познати личности кај кои е детектиран Ковид-19
Од брзото проширување на коронавирусот во Италија заразени се и познати личности во земјата.
Меѓу лицата заразени со новиот тип на коронавирус е и Никола Зингарети, лидерот на Демократската партија на Италија која е коалициски партнер на италијанската Влада и во исто време претседател на Регионалниот совет на подрачјето Лацио. Тој во саботата преку социјалните мрежи соопшти дека бил позитивен на тестот на Ковид-19.
По Зингарети, во неделата вирусот Ковид-19 е откриен кај генерал Салваторе Фарина, командант на италијанските копнени сили.
Меѓу лицата кај кои е откриен Ковид-19 е и Алберто Чирио, претседателот на регионалното раководство на Пиемонт, кој, иако немал никакви симптоми, бил позитивен на тестот, поради што се наоѓа во домашен карантин.
Ковид-19 е откриен и кај Марсело Кардона, гувернерот на градот Лоди, сместен во подрачјето на Ломбардија каде што вирусот за првпат е детектиран во Италија.
Листа по датуми за бројот на детектирани случаи на коронавирусот во Италија, за смртните случаи и бројката на оздравени лица:
| Датум | Вкупен број случаи | Починати | Оздравени | |
| 15.02.2020 | 3 | 0 | 0 | |
| 16.02.2020 | 3 | 0 | 0 | |
| 17.02.2020 | 3 | 0 | 0 | |
| 18.02.2020 | 3 | 0 | 0 | |
| 19.02.2020 | 3 | 0 | 0 | |
| 20.02.2020 | 4 | 0 | 0 | |
| 21.02.2020 | 21 | 1 | 1 | |
| 22.02.2020 | 79 | 2 | 2 | |
| 23.02.2020 | 157 | 3 | 2 | |
| 24.02.2020 | 229 | 7 | 1 | |
| 25.02.2020 | 323 | 11 | 2 | |
| 26.02.2020 | 470 | 12 | 3 | |
| 27.02.2020 | 655 | 17 | 45 | |
| 28.02.2020 | 889 | 21 | 46 | |
| 29.02.2020 | 1.128 | 29 | 50 | |
| 01.03.2020 | 1.701 | 34 | 83 | |
| 02.03.2020 | 2.036 | 52 | 149 | |
| 03.03.2020 | 2.502 | 79 | 160 | |
| 04.03.2020 | 3.089 | 107 | 276 | |
| 05.03.2020 | 3.858 | 148 | 414 | |
| 06.03.2020 | 4.636 | 197 | 523 | |
| 07.03.2020 | 5.883 | 233 | 589 | |
| 08.03.2020 | 7.375 | 366 | 622 | |
| 09.03.2020 | 9.172 | 463 | 724 | |