Barış Seçkin
25 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 37 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.678, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 18.303 активни случаи на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 296 случаи со Ковид-19, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 239.706.
Излекувани се уште 614 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 186.725 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 37 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.678 лица.
Според соопштеното, 103 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 5.163.154 тестирања за Ковид-19.