Barış Seçkin
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 260 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 26.644, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално се наоѓаат 106.103 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 197.675.
Денес се излекувани 1.808 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 64.928 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 260 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 26.644 лица.
Според соопштеното, 2.009 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Се нагласува дека досега во Италија извршени се 1 милион 757 илјади и 659 тестирања за Ковид-19.