Oktaj Omeragikj
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 6.412.646 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 578.881.925 лица, а оздравеа 548.840.977 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со случаите на коронавирусот во светот, Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 92.761.865 случаи на заразување со Ковид-19.
По САД, меѓу земјите со над 5 милиони заразени со Ковид-19 се Индија со 43.959.321, Бразил со 33.707.069, Франција со 33.689.657, Германија со 30.702.511, Велика Британија со 23.304.479, Италија со 20.837.233, Северна Кореја со 19.535.242, Русија со 18.565.551, Турција со 15.524.071, Шпанија со 13.204.863, Јапонија со 11.888.057, Виетнам со 10.774.679, Аргентина со 9.507.562, Австралија со 9.282.239, Холандија со 8.324.399, Иран со 7.368.945, Мексико со 6.686.954, Колумбија со 6.247.634, Индонезија со 6.191.664, Полска со 6.061.946, Португалија со 5.333.656 и Украина со 5.021.612.
Најголем број смртни случаи предизвикани од заразувањето со новиот тип коронавирус во светот е регистриран во САД, вкупно 1.053.969.
Меѓу земјите со над 100.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот се Бразил со 677.871, Индија со 526.211, Русија со 382.313, Мексико со 327.412, Перу со 214.120, Велика Британија со 183.953, Италија со 171.439, Индонезија со 156.957, Франција со 151.782, Германија со 143.702, Иран со 141.837, Колумбија со 140.603, Аргентина со 129.278, Полска со 116.547, Шпанија со 110.187, Украина со 108.699 и Јужноафриканска Република со 101.967 починати.
САД со 87.772.164 оздравени се и земја со најголем број лица кои оздравеле од коронавирусот. По САД, меѓу земјите во кои оздравеле над 5 милиони заразени со коронавирусот се Индија со 43.286.787, Бразил со 32.190.361, Франција со 31.822.825, Германија со 28.737.700, Велика Британија со 22.613.397, Италија со 19.285.667, Русија со 17.958.463, Турција со 15.221.506, Шпанија со 12.490.889, Јапонија со 10.380.180, Виетнам со 9.888.468, Аргентина со 9.274.146, Австралија со 8.850.097, Иран со 7.076.857, Колумбија со 6.053.853, Индонезија со 5.988.052, Мексико со 5.795.247 и Полска со 5.335.826 оздравени.