Zehra Ulucak
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АНКАРА
Интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-29) во светот, објави дека 3.066.698 заболени успеале да оздрават, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според „Worldometer“, 10 земји со најголем број на оздравени пациенти се: САД (645.974), Бразил (253.570), Русија (186.985), Германија (166.400), Италија (160.092), Турција (129.921), Иран (123.77), Индија (100.303), Чиле (86.173) и Кина (78.314).
Пандемијата на Ковид-19 која за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се прошири низ 200 земји и региони во целиот свет.
Од новиот тип на коронавирус во светот се заразени 6.452.391 лице, а 382.479 заразени ги загубија животите.