Recep Şakar
13 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
МЕЛБУРН (АА) - Поради глобалната пандемија на Ковид-19, откажана е првата трка во сезоната на Формула 1, која во недела требаше да биде одржана во австралискиот град Мелбурн, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со заедничка одлука ги откажавме сите активности што беа планирани во рамките на трката на Формула 1 за Големата награда на Австралија“, се наведува во заедничкото соопштение на Меѓународната автомобилска федерација (FIA) и организаторот на Големата на Австралија.
Директорот на Големата награда на Австралија, Пол Литл, им се извини на гледачите и на љубителите на Формула 1 и им порача дека здравјето на луѓето е приоритетен фактор поради кој е донесена одлуката за откажување на трката.
Бранителот на титулата шампион од екипата на Мекларен нема да учествува во првата трка на Формула 1 во сезоната, што наредниот викенд ќе се вози во Мелбурн.
Од Мекларен вчера ја известија Светската автомобилска федерација (FIA) дека нема да учествуваат во трката за Големата награда на Австралија бидејќи еден член на тимот бил тестирал и е позитивен на коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека целиот персонал на Мекларен е ставен во карантин.
Втората трка на Формула 1 треба да се одржи на 22 март во Бахреин. Поради ширењето на коронавирусот одлучено е таа трка да се вози без публика и тоа ќе биде прва трка во 70-годишната историја на Формула 1 без гледачи.
Челниците на Формула 1 ја одложија трката за Големата награда на Кина, која како четврта трка на сезоната беше на распоред за 19 април.