Ömer Faruk Yıldız
22 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
КУАЛА ЛУМПУР
Премиерот на Малезија, Мухјидин Јасин, поради контакт со лице заразено со Ковид-19 ќе биде самоизолиран во својот дом, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на премиерот е соопштено дека Јасин во средата, по седницата на Советот на министри имал близок контакт со лице кај кое е дијагностициран Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека Јасин бил негативен на тестот на Ковид-19, но дека одлучил 14 дена да помине во домашен карантин.
Се истакнува дека премиерот е во добра здравствена состојба и дека за време на карантинот со почитување на мерките за физичка дистанца ќе продолжи да ја извршува својата должност.