Ali Cura
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 13.046, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 800.849, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.811 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 800.849.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 154 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 13.046.
Во Русија излекувани се уште 8.444 лица, додека вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 588.774.
Досега во Русија направени се над 26 милиони и 300 илјади тестирања за Ковид-19.