Ali Cura
01 Август 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 14.058, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 845.443, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 5.462 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата се зголеми на 845.443.
Во последните 24 часа од овој вирус починаа уште 95 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 14.058.
Во Русија излекувани се уште 8.144 лица, додека вкупната бројка на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 646.524.
Досега во Русија направени се над 28 милиони и 400 илјади тестирања за Ковид-19.