Dmitri Chirciu
21 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија во последните 24 часа е регистриран рекорден број на откриени на новиот вид коронавирус (Ковид-19) како и смртни случаи како последица на овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 24.822 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 2.064.748.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа рекордни 467 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 35.778.
Оздравеа уште 26.021 лице, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.577.435 лица.
Во Русија направени се над 61,8 милион тестирања за Ковид-19.