Talha Yavuz
21 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
КИЕВ
Во Украина во последните 24 часа регистрирани се 14.580 случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што е регистриран рекорд во бројката на дневни случаи со овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на оваа земја, откриени се нови 14.580 случаи, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 612.665.
Исто така, во последните 24 часа направени се над 71.000 тестирања, додека со починатите 215 лица, вкупниот број на починати како последица на Ковид-19 во Украина порасна на 10.813.
Оздравеа уште 7.989 лица. Со ова вкупната бројка на оздравени во земјата се искачи на 282.313.