Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во светот се регистрирани 67.402.219 случаи на заразување со овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на заразувањето со Ковид-19 починале 1.541.897 лица.
Во светот моментално има 19.270.830 активно заразени лица со Ковид-19, од кои 106.224 тешко болни.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 15.159.529 заразени и 288.906 починати.
Следува Индија со 9.677.203 заразени и 140.590 починати. Во Бразил се заразени 6.603.540 лица, а починаа 176.961 заразени лица.
Коронавирусот (Ковид-19) кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.