Bahtiyar Abdülkerimov
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ТАШКЕНТ
Во Таџикистан се регистрирани првите два смртни случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврди државната телевизија на Таџикистан.
Се вели дека денес починати две лица поради овој вирус.
Во веста на оваа телевизија се нагласува дека бројот на случаи со Ковид-19 во земјата со раст од 44 се зголеми на 76.
Според соопштеното, 2.782 лица се задржани под карантин во болниците.
Инаку, првиот случај со Ковид-19 во Таџикистан беше откриен на 29 април.