Agim Sulaj
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 10 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се зголеми на 823, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починат изнесува 22.
Уште 38 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 336.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 231 тестирање за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 7.875, од кои вкупно 823 резултирале позитивни на Ковид-19.