Yusuf Özcan
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 24.760 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Според соопштението, во последните 24 часа кај 1.530 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 201.667.
Во болниците се лекуваат 25.827 лица, од кои 3.827 се наоѓаат во интензивна нега. Бројката на излекувани лица од Ковид-19, кои потоа биле отпуштени од болница се искачи на 50.562.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 166 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 24.760, од кои 15.487 лица починале во болници, и 9.273 во домовите за стари лица.