Barış Seçkin
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 474 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 28.710, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 100.704 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 209.328.
Се вели дека денес се излекувани 1.665 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 79.914 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 474 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 28.710 лица.
Според соопштеното, 1.539 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија извршени се 2 милиони 108 илјади и 837 тестирања за Ковид-19.