Furkan Abdula
03 Декември 2022•Ажурирај: 04 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа 8. Меѓународна манифестација на турската поезија „Јахја Кемал Бејатли“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Настанот е организиран од страна на Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија.
На манифестацијата присуствуваа претставници од турската Амбасада во Скопје, претставници од Министерството за култура, претставници на МАТУСИТЕБ, и на турските организации и институции во земјата, како и политичари, поети и љубители на поезијата.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрхаим, имаше свое обраќање на настанот, додека потпретседателот на МАТУСИТЕБ, Мехмед Ариф, даде изјава за медиумите во врска со настанот.
Во рамки на програмата, поети од Северна Македонија, Туркије, Косово, Бугарија и Западна Тракија читаа поезии, додека доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрхаими одржа предавање во врска со Јахја Кемал Бејатли.