Dzihat Aliju
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, соопшти дека вчера заврши бојкотот на наставата на турски јазик во општинско стручно училиште „Мирко Милевски“ во Кичево, јавува Anadolu Agency (AA).
Емин на денешната прес-конференција потсети дека на 22 јануари, со започнувањето на второто полугодие од учебната година, поради тоа што наставниците не земаа плата во потполност, како и поради барањето за изнаоѓање решение за проблемот со превозот, учениците и нивните родители ја бојкотираа наставата, и рече дека бојкотот е завршен вчера.
Емин изјави дека министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил ,задолжен за странски инвестиции, вложил на напори за решавање на овој проблем.
„Бојкотот заврши вчера. Односно, како резултат на постигнатото усогласување меѓу наставниците и претставниците на училиштето за најпрвин да се исплатат платите на наставниците, додека за другите прашања е постогнат договор дека ќе се решат со текот на времето“, рече Емин.
Како што кажа тој, во рамки на 21 декември - Денот на образование на турски јазик, разговарале со лидерите на трите турски партии во земјата, како и со минситерот Ќахил за создавање заеднични амбиент за националните прашања, како и дека ќе вложат напори околу основните права и слободи на Турците во Македонија.