Stipe Mayiç
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Меѓународниот мултимедијален изложбен проект Никола Тесла - „Mind from the Future" во Домот на хрватските ликовни уметници од неговото оворање на 25-ти ноември до сега го виделе повеќе од 30.000 посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Футуристичкиот амбиент на трагот на визијата на Никола Тесла е резултат од десетгодишната авторска работа на светски признатата и наградувана авторка Хелен Булаје Maдуниќ, како и група на меѓународни и локални уметници кои делуваат на подрачјето синергија на науката и уметноста спојувајќи филм, анимација, видео арт, скулптура, инсталација, слика и технички иновации.
Мултимедијалната изложба го претставува животот на Тесла од раѓање па се до рефлексијата во современиот свет на сосема нов начин.
На изложбата доминира десет метри високата скулптура на Никола Тесла направена од железен профил, а со богата мултимедијална придружувана програма изложбата е збогатена со голем број на артефакти од животот на овој генијален пронаоѓач, а изложени се и голем број статуи на Никола Тесла.
Посетителите, исто така можеа да ги видат училиште дневниците со оценките на Тесла додека одел на училиште во Карловац, тука е и училишната клупа од неговата генерација, како и некои од направи од тоа време.
Целта на изложбата Никола Тесла - „Mind from the Future" е позиционирање на Тесла како хрватски културен наследник, да се промовира и поттикне уметничкиот квалитет, оригиналност, инвентивност и примена на најновите технологии во областа на визуелната уметност.
Изложбата што предизвика голем јавен интерес останува отворена до 20 март 2018 година.