Elena Trenchevska Chekovic
14 Август 2025•Ажурирај: 15 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Вработените во националните и интернационалните продавници и ресторани за „торта“ во Мексико се собраа на едно место со цел да го срушат рекордот за најдолг сендвич „торта“, јавува Анадолу.
На годинашниот Фестивал на торта во главниот град Мексико Сити тие подготвија колосална торта-сендвич долг 90 метри, со што го соборија сопствениот рекорд.
На 20-годишнината од фестивалот посетителите можеа да го вкусат мегасендвичот од 90 метри, кој тежеше речиси еден тон.
Инаку, „торта“ е традиционален мексикански сендвич, многу популарен во мексиканската кујна, се прави од свежо печена, мека ролна леб, месо и голем број додатоци, како авокадо, препржен грав, мајонез, сирење, кромид, домати, кисели пиперки халапењо, зелена салата и друго.