Emrah Gökmen
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
МАЛАТЈА (АА) - ЕМРАХ ЃОКМЕН -
Во Музејот на фотоапарати во Малатја, Турција, може да се видат 1.890 фотоапарати, а најголемо внимание привлекуваат оние што се користени за шпионски активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Музејот е основан од Град Малатја, а откако е отворен минатата година го посетиле над 100.000 посетители.
Во Музејот се изложени примероци од фотоапарати, од оние што се произведени во 1876 година до најмодерните, како и придружна опрема.
Апаратите се подредени во 44 категории, а најмногу внимание привлекуваат оние што се користени за шпионски активности.

Меѓу пополураните експонати е апаратот во облик на сплеснат сад за вода. Сепак, освен апаратот за чиј дизајн се заслужни Американците и Германците, изложени се и фотоапарати скриени во рачен часовник, потпетици на чевли и такви што се прицврстувани на птици.
Најновите експонати во оваа категорија се три фотоапарати со позлата од специјален дизајн.
Баки Тамер Селџук, вработен во Музејот и колекционер, изјави дека станува збор за содржински и нумерички најголемиот музеј во Азија и Европа од таков вид.
Тој додаде дека 44-те категории се наредени хронолошки, што им овозможува на посетителите јасен и систематски преглед на експонатите.

Во категоријата „шпионски апарати“ изложени се примероци користени од 1886 година до денес.
„Изложуваме апарати направени за агенти, шпиони, детективи. Меѓу експонатите се апарати за агентите користени во Втората светска војна. Тука се и фотоапарати кои шпионите ги користеле во Првата светска војна, па и порано. Тоа е колекција од 76 делови“, додаде Селџук.
Тој истакна дека најголемо внимание во оваа колекција предизвикува садот за вода во кој се наоѓа фотоапарат.
„Имаме модел за агентите од 1886 година. Има карактеристики за снимање фотографии во шест позиции и во потполност е исправен. Тој е меѓу најпопуларните апарати и многу е редок. Станува збор за германско-американски дизајн. Дури и во странство е многу тешко да се најде“, изјави Селџук.