Фоторепортерката Сапрунова гледа на „Istanbul Photo Awards“ како на можност за глобално претставување
– Наталија Сапрунова, која на десеттото издание на „Istanbul Photo Awards“ ја освои наградата во категоријата „Секојдневен живот“, го нарекува овој натпревар значајно претставување на глобалните борби и секојдневниот живот
БРИСЕЛ (АА) – Наталија Сапрунова, која на десеттото издание на „Istanbul Photo Awards“ ја освои наградата во категоријата „Секојдневен живот“, го нарекува овој натпревар значајно претставување на глобалните борби и секојдневниот живот, јавува Анадолу.
„Постојат многу категории на 'Istanbul Photo Awards'. Тоа е многу голем приказ на вестите и секојдневниот живот, но и на борбите во светот“, изјави Сапрунова за Анадолу на отворањето на изложбата во Брисел.
Сапрунова, која исто така ја освои првата награда во истата категорија во 2022 година, ја изрази својата посебна љубов кон фотографијата.
Таа не ја криеше и среќата што по втор пат ја освои наградата со фотосеријата „Мојата снежна крава“. Овие фотографии ја покажуваат издржливоста на Евдакија, која чува крави во малата населба Ојмјакон, во Јакутија на рускиот Далечен Исток, позната како најстудено населено село во светот.
„Кога ги гледам овие фотографии, го чувствувам многу силниот карактер на Евдакија“, рече Сапрунова, додавајќи дека е импресионирана од храброста и решителноста на жената да го врати овој тип крава, која во советско време била заменета со друга раса која не е отпорна на особено студената клима.
Таа изрази надеж дека нејзините фотографии ќе ги инспирираат другите луѓе во светот.
„Би сакала луѓето да го следат овој пример за да направат некои работи во животот и да го следат својот сон, и покрај сите видови пречки“, додаде таа.
Сапрунова истакна дека иако нејзините фотографии ја покажуваат изолацијата од светот и суровите услови за живеење, тие исто така ја нагласуваат отпорноста.
„Би сакала луѓето да го видат ова и да одлучат да ги надминат своите лични борби во животот и да го следат овој пример и да го пренесат во нивниот секојдневен живот“, рече таа.
- Награда од жирито
Осврнувајќи се за нејзината награда од жирито на „Istanbul Photo Awards“, Сапрунова рече: „Ова е многу важна награда за мене. Кога дознав дека ја освоив повторно наградата, тоа беше многу силна порака за охрабрување за мене да бидам признаена од многу силно жири. За мене е многу важно жирито да ја цени мојата работа и тоа исто така ме охрабрува да продолжам со понатамошна работа.“
Таа, исто така, истакна дека учеството на натпревари значи исто колку и раскажување приказни, додавајќи дека на натпреварот не учествувала само за да победи, туку затоа што секој натпревар го гледа како можност дополнително да ги подобри своите вештини за раскажување приказни.
Во Њујорк, САД, е отворена изложбата на фотографии од јубилејното десетто издание на „Istanbul Photo Awards“.
Оваа година на натпреварот пристигнаа повеќе од 20.000 фотографии за категориите единечни и серија фотографии од областа на вестите, спортот, животната средина, портретот и секојдневниот живот. Вкупно 32 фотографи освоија награди во десет категории.
Годинашниот натпревар беше поддржан од спонзорите „Турксел“ како комуникациски партнер, „Сони“ како спонзор на наградите, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како спонзор на меѓународните настани и „Туркиш ерлајнс“ (THY) како спонзор авиокомпанија.
Информации за наградените фотографии може да се најдат на страницата „istanbulphotoawards.com“.