Faruk Zorlu
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека досега се откриени 215.092 профили на системот за шифрирана комуникација на ФЕТО, БајЛоК, како и тоа дека се откриени најмалку 92.702 поединечни корисници на оваа апликација, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу во Анкара зборуваше на церемонијата на затворање на 5. Маѓународна работилница за борба против киберкриминалот.
Зборувајќи за борбата против киберкриминалот, Сојлу истакна дека за време на 2018 година биле забележани 54.374 прекршувања во оваа област на криминалот.
„Тоа вклучува сексуално злоставување на деца, злоупотреба на платни системи и други кршења на информациските системи. Во рамките на спроведените акции уапсени се 18.330 лица кои се предадени на надлежните институции“, изјави Сојлу.
Тој се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО, поконкретно на системот БајЛоК.
Станува збор за апликација и систем на шифрирана комуникација меѓу припадниците на терористичката организација ФЕТО.
„До денес откривме најмалку 215.092 профили на програмата за комуникација на ФЕТО. Исто така, откривме и 92.702 поединечни корисници на оваа апликација“, истакна министерот Сојлу.