Ahmet Dursun
30 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Фортифај рајтс“ (Fortify Rights) со седиште во Банкок соопшти дека мјанмарските сили на систематски начин ја спречуваат хуманитарната помош испратена во мјанмарските сојузни држави Качин и Шан, и дека и ова може да биде воено злосторство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на „Фортифај рајтс“ наречен „Тие блокираат сè“ (They block everything), мјанмарските сили намерно спрелаат врз хуманитарната помош испратена во Качин и Шан.
Во извештајот се наеведува дека мјанмарската Војска на систематски начин ја спречува хуманитарната помош како храна, вода, здравствени услуги и засолнување, наменета за цивилите што биле принудени да ги напуштат своите домови поради судирите во Качин и Шан.
Организацијата за човекови права „Фортифај рајтс“ упати апел до мјанмарската Влада да дозволи хуманитарната помош да биде доставена до цивилите.
Извршниот директор на „Фортифај рајтс“, Метју Смит, рече дека добиените докази може да се сметаат за воено злосторство.
„Сето ова дава повеќе причини Советот за безбедност на ОН да го испрати Мјанмар на Меѓународниот кривичен суд“, додаде тој.
- Етничко чистење
Илјадници припадници на локалната етничка заедница Качин биле принудени да ја напуштат нивната татковина поради судирите меѓу воените сили и сепаратистичките бунтовници во мјанмарските сојузни држави Качин и Шан.
Мјанмарската Војска е мета на критики поради прекршувањата на човековите права на античките малцинства во различни региони во земјата.
Обединетите нации (ОН) и меѓународните организации за човекови права како етничко чистење или геноцид ги нарекуваат насилните настани извршени од страна на воените сили на Мјанмар, кои предизвикаа 700.000 аракански муслимани да се засолнат во Бангладеш.