Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за наворешни работи на Република Турција порача дека денешната одлука на Парламентарното собрание на Советот на Европа за ставање на Турција во процес на надзор е „политички мотивирана”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) е донесена неправедна и политички мотивирана одлука кон Турција, а дека не се придржувало до потребните прописи.
Парламентарното осбрание на Советот на Европа ја усвои одлуката за влез на Турција во процесот на надзор. Во извештајот во врска со Турција најмногу критики се упатени на процедурите по воведувањето на вонредната состојба во земјата, кое е воведено откако терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар во таа земја на 15 јули минатата година.
Претседавачот со турската делегација во ПС на СЕ, Талип Кучукџан во жалба на денешната одлука потсети дека извештајот е исполнет со неправилности и грешки.
Тој нагласи дека во извештајот и одлуката е применет дискриминирачки пристап кон Турција, што ќе има негативни последици по угледот на ПС на СЕ во турската јавност.