Ekip?
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Бегалецот на ФЕТО, Адил Оксуз, во рамките на структурата на терористичката организација познат и како „имам на воздушните сили“, се крие во куќа на терористичката организација ФЕТО во Берлин, дознава Anadolu Agency (AA).
Според писмото со дојава кое го доби новинар на АА, Адил Оксуз се крие на адресата „Friedelstr“ 48. 12047, во Берлинскиот кварт Нојкелн, поточно во стан кој е заведен на име на С. Јашар. Новинарите на АА дојдоа до наведената адреса во квартот кој е населен претежно со странци.
Во зградата е забележано дека постои стан под име Јашар, но по ѕвонењето во станот никој не ја отворил вратата. Станарите во зградата кои се Германци, рекле дека не познаваат никој со име Јашар.
Она што е интересно е дека се работи за стан кој нема поглед кон улицата, туку само кон задната страна од зградата, така што од улица е невозможно да се забележи.
- Али А., е клучното име кое го сокрива Оксуз -
Според информациите до кои дојде новинар на АА, клучното име кое го сокрива Оксуз во Берлин е едно од највлијателните членови на терористичката организација ФЕТО, Али А. Али А., инаку сопственик на голем недвижен имот во главниот град на Германија, по неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, организирал илегален премин на голем број припадници на ФЕТО од Турција во Германија, но и во други европски земји. Изјавите на очевидците се исто така насочени кон тоа дека Али А., во куќата на сопственикот С. Јашар сокрива голем број припадници на терористичката организација ФЕТО. Освен тоа, се наведува дека Оксуз со помош на Али А., без проблем се движи во Германија.
Освен што им помага на бегалците на ФЕТО, Али. А одржува контакти со терористичките структури во Полска и Киргистан. Бегалците на ФЕТО кои од Турција преминаа во земјите на Источниот блок, потоа започнаа да доаѓаат во Берлин, кој стана своевиден собирен центар за бегалците на ФЕТО.
- Структури на ФЕТО во Германија -
Германија е европска земја во која терористичката организација ФЕТО формираше една од најразвиените структури, а во оваа земја дејствува преку невладини организации, компании и интернет-портали.
Голем број претрпиемачи поврзани со ФЕТО во Германија, првенствено во Берлин, по обидот за пуч на 15 јули ги променија имињата на своите фирми. Со оглед дека потешко пронаоѓале ученици за своите образовни установи, ФЕТО структурите во Германија паднаа во финансиска криза, по што започнаа да продаваат одредени школски установи или да ги изнајмуваат на германските институции за згрижување на сириските бегалци.
Структурите на ФЕТО во Германија настојуваат на секој начин да дадат поддршка за голем број припадници на организацијата откако по обидот за пуч побегнаа од Турција и другите делови на светот. Се дознава дека структурите на ФЕТО во Германија штитат и даваат поддршка за најмалку 4.000 бегалци.