Mehmet Yılmaz
02 Октомври 2016•Ажурирано: 03 Октомври 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Повеќето граѓани на Унгарија кои денес излегоа на референдумот гласаа против европските квоти за прифаќање на бегалците, меѓутоа референдумот не успеа бидејќи не излегоа неопходните 50 отсто гласачи, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборните места се затворени во 19 часот а според последните податоци излезноста беше 45 отсто, додека против европските квоти гласаа 95 отсто гласачи.
Претседателката на изборната комисија на Унгарија Илона Палфи претходно изјави дека очекува дека одsивот на гласачите на денешниот референдум ќе биде под 50 проценти, поради што референдумот би требало да биде неважечки.
Граѓаните на Унгарија на референдумот кој започна утрово требаше да одличат за прифаќањето односно спротиставувањето на европската директива за распределување на бегалците во таа земја. Унгарија според квотите на ЕУ требаше да прифати 1.294 бегалци.
„Дали сакате ЕУ да пропише задолжително населување на неунгарските државјани во Унгарија дури и без согласност на Парламентот", беше прашањето на кое свој одоговор со „да" или „не" можеа да го да дадат околу 8,3 милиони Унгарци.
Референдумот го распиша унгарскиот премиер Виктор Орбјан кој предизвика тензии со реториката дека на Унгарија „не и се потребни муслиманските бегалци". Орбан повеќе пати изјави дека Унгарија нема да ја почитува директивата на ЕУ за распределување на мигрантите меѓу земјите членки.
Повеќето опозицски партии го бојкотираа денешниот референдум.
Челникот на исламската заедница во Унгарија, Золтан Болек, во претходно интервју за АА порача дека кампањата во пресрет референдумот во таа членка на ЕУ го поттикнала растот на исламофобијата.
Според квотите на ЕУ за разместување на бегалците во членките на Унијата, од вкупно 160.000 лица во Унгарија, би требале да бидат сместени 1.294 бегалци.
Унгарските власти на 24 февруари одлучија да организираат референдум во врска со тие прашања.