Safvan Allahverdi
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, допатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави (САД), а пред Белата куќа во Вашингтон, каде што престојуваат гостите на американскиот претседател, го поздравија повеќе стотици луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Насобраните луѓе го довикуваа името на турскиот претседател, веејќи знамиња на Турција.
„Денес, овде, сме надвор од партиските линии. Ги надминавме тие поделби“, рече Гунај Овунч, член на Турско-американскиот државен управен одбор.
Озлем Тимучин, членка на турската владејачка АК Партија, рече дека сакала да присуствува на доаѓањето на Ердоган, истакнувајќи дека тоа ѝ претставува чест.
Турскиот амбасадор во Вашингтон, Сердар Килич, им се заблагодари на присутните луѓе кои се собраа пред официјалната резиденција „Blair House“, истакнувајќи дека некои од нив во Вашингтон допатувале дури од Калифорнија, на западниот брег.
„Ова единство и солидарност, особено овие денови, е многу важно. Особено по грозоморниот обид за државен удар на 15 јули, вашето присуство, држењето и веењето турски знамиња додека пристигнува нашиот претседател, е витално“, му порача турскиот амбасадор на собраниот народ.
Турскиот претседател, денес во текот на денот, ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, по што ќе одржат заедничка прес-конференција, а потоа ќе присувствуваат на состанокот на проширените делегации од двете земји.