Ekipa
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Две лица загинаа кога авион „Learjet 35" (лирџет 35) се урна вчера попладне, крај мал аеродром во предградие на Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека загинале двајца членови на екипажот, а во авионот немало патници.
Авионот се урна во попладневните часови по локално време, во близина на аеродромот во Тетерборо, Њу Џерси.
Снимката од видеонадзорот го покажува моментот на падот и големиот пожар што потоа го зафати авионот.
Во авионската несреќа, од пожарот беа зафатени два објекта, а 13 автомобили беа оштетени.
Федералните истражувачи ќе започнат истрага за да се утврди причината за несреќата.