Ekipa
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АМАТРИЧЕ (АА) - Бројот на жртви во катастрофалниот земјотрес што вчера го погоди централниот дел на Италија се искачи на 247 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Новите податоци за бројот на настрадани ги објави Агенцијата за цивилна заштита, 27 часа по земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Најтешко се погодени регионите Лацио, Марке, Умбрија и Абруцо, каде што спасувачките екипи деноноќно трагаат по луѓе заробени во рушевините. Досега најмладата жртва е 18-месечно бебе.
По разорниот земјотрес, во Италија вчера се случија уште стотина потреси со помал интензитет.
Тлото не мирува, а Евромедитеранскиот сеизмолошки центар рано утринава околу 5:00 часот регистрираше земјотрес со јачина од 4,5 степени, исто така, во централниот дел на Италија.