Said İbicioğlu,Esat Fırat
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
ГАЗА (АА) - Во натпреварувањето за краткометражен филм, организирано од страна на Прес-центарот на палестинското Медиумско здружение, првата награда ја освои камерманот на АА, Мухамед Дахлан, за филмот „Dönüş“ (Враќање), јавува Anadolu Agency (AA).
Камерманот Дахлан (31), од снимките на протестите од „Марш на големото враќање“, направени за АА, кои се одржуваа долж границата на Газа и Израел, изработи краткометражен филм во времетраење од 4 минути, за кој ја освои првата награда.
Во филмот има кадри од ранувањето на Палестинците од страна на израелските војници и некои кадри од протестите на 7 април кога беше убиен новинарот Јасин Муртеџа.
Дахлан изјави дека во секој кадар од филмот може да се забележи темата на филмот за учеството на Палестинците во протестот на Маршот на големото враќање долж границата на Газа.
Дахлан истакна дека основна цел на филмот е на светот и на меѓународната заедница да им покаже како Израел се однесува врз мирните и цивилни демонстранти, како намерно ги убива и е причина за нивното осакатување.
„И покрај тоа што Палестинците кои сакаат да се вратат на териториите окупирани од страна на Израел изведуваат мирни демонстрации, Израел нив намерно ги убива или користи методи на ранување кои резултираат со траен инвалидитет.“