Sibel Vezaj
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ПРИШТИНА (АА) - Граѓаните на село Муштиште, во општина Сува Река во Косово, протестираат против доаѓањето на Србите во ова село, кои најавија учество на еден верски празник. За време на протестите досега уапсени се 20 граѓани на Муштиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионалниот директор на косовската полиција во Призрен, Неџми Красниќи, соопшти дека во текот на овие протести, присуствувале околу 350 граѓани на селото Муштиште. Тој рече дека полицијата презела соодветни мерки и дека сега ситуацијата е мирна, во споредба со ситуацијата на почетокот на протестот, во раните утрински часови.
Красниќи нагласи дека некои од демонстрантите кои се собраа во центарот, почнале да заминуваат и дека околу 20 граѓани се уапсени поради фрлање со тешки предмети врз полицијата.
Во меѓувреме, околу 150 Срби кои заминаа со три автобуси кон Муштиште беа сопрени од страна на полицијата на околу 5 километри од селото. Заедно со Србите беше и министерот за заедници и враќање на Република Косово, Далибор Јевтиќ.
По овие настани Србите одлучија да заминат и тргнаа кон манастирот Зочиштев во општина Ораховец.
Директорот на регионалната полиција во Призрен, Красниќи, истакна дека се очекува Србите повторно да се вратат, по расчиствувањето на патот од демонстрантите.