Ekipa
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја посети Триумфалната капија во Париз која беше оштетена во текот на вчерашните протести, јавува Anadolu Agency (АА).
По враќањето од Самитот на лидерите на земјите од Г20 од Аргентина, Макрон денес ја посети оштетената Триумфална капија на која беа испишани графити во текот на вчерашните нереди

Тој денес се сретна со премиерот и ресорните француски министри, а на состанокот е разговарано и за нередите какви што Париз нема видено во изминатите неколку години.
Француската полиција денес соопшти дека меѓу 133 повредени лица, најмалку 23 се полицајци.

Во соопшението се наведува дека од 412 приведени, во притвор се задржани 378.
Париз веќе две недели е седиште на масовни протести поради зголемувањето на даноците и цените во Франција.

Во текот на вчерашните протести, демонстрантите ја каменуваа полицијата и објектите во центарот на градот.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди нередите и порача дека одговорните ќе бидат процесуирани.