Sarp Özer
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Како резултат на операцијата што Турската разузнавачка служба (МИТ) ја спроведе против терористичката организација ФЕТО, двајца терористи, високи челници на ФЕТО се фатени во странство и донесени во Турција. Едниот од нив бил благајник на оваа терористичка организација во Азербајџан, а другиот имам на бизнисмените во Мерсин кои се поврзани со ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, Турската разузнавачка служба (МИТ), која продолжува со операциите во рамките на борбата против ФЕТО, во странство ги фати двајцата терористи по кои се трагаше, обвинети за „членување во оружена терористичка организација“.
Иса Оздемит, припадник на ФЕТО, беше фатен во Азербајџан, додека Салих Зеки Јигит, припадник на ФЕТО, во Украина. Денес и двајцата со специјален авион беа донесени во Истанбул.
Иса Оздемир дипломирал на државниот Универзитет во Баку во 1997 година. Оздемир извесно време бил одговорното лице на оваа терористичка организација за специјални работи во Азербајџан, како и благајник на ФЕТО во Азербајџан. Тој исто така е и сопственик на компанијата „Avro 2000“, која во име на оваа терористичка организација врши параван-активности во градежниот сектор во Баку.
Салик Зеки Јигит, припадник на ФЕТО кој беше фатен во Украина, бил имам на бизнисмените во Мерсин поврзани со ФЕТО. Тој собирал пари во „добротворни цели“ и ги трансферирал во странство, пред сѐ во Пенсилванија, и за финансирање на училиштата во африканските земји, . Откриено е дека Јигит, по кого постои одлука за фаќање, по обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година, избегал во странство.