Dzihat Aliju
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денеска со работа започна 6-тиот Скопски меѓународен саем за туризам, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на штандот на Турција присуствуваа амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Шолендил, советникот во турската амбасада за култура и промоција, Хакан Озчелик, државниот секретар во министерството за култура, Бехиџудин Шехаби и други поканети гости.
По отворањето, амбасадорот Шолендил за новинарите изјави дека му претставува особено задоволство присуството на овогодишното отворање на Саемот за култура и туризам, кој секоја година се одржува во Скопје.
Шолендил истакна дека Турција на саемот, покрај својата презентирање на Македонија како братска и пријателска држава, ќе ги претстави и можностите за културно и туристичко зближување.
Советникот за култура и промоција, Озчелик истакна дека оваа година ќе се претстават на поголем простор и дека главна тема на презентирање им е здравствениот туризам.
Озчелик рече дека Турција на полето на здравствениот туризам поседува многу напредна технологија и медицински персонал, и благодарение на разумните цени, ја препорача Турција како туристичка дестинација и ги покани македонските граѓани на летен и здравствен туризам.
Експертот од Агенцијата за развој на западниот Медитеран од Турција, Садетин Дикмен, истакна дека Анталија е петти град во светот по бројот на посетители и додаде дека покрај летниот туризам, и според алтернативниот, спортскиот и здравствениот туризам котира високо на светско ниво.
Шестиот Скопски саем за туризам од 14-ти до16-ти април ги очекува заинтересираните посетители.
- Саем за образование и кариера -
На Скопскиот саем истовремено се одржува и Саемот за образование и кариера, на кој со свој штанд се претстави и Институтот „Јунус Емре”.
Помошник директорот на Институтот „Јунус Емре”, Фуат Коркмаз, истакна дека Институтот „Јунус Емре” од Скопје пред посетителите на саемот покрај уметничките работи финансирани од нивниот буџет ќе биде презентирана и обуката на турски јазик.
Предавачот од Универзитетот 18 Март од Чанаккале, доцент д-р Сани Демири, рече дека оваа година е обезбедено место за 65 македонски бруцоши и дека универзитетот на новите студенти им овозможува многу предности во студирањето.
Потребните информации во врска со образованието, на Саемот за образование и култура, можат да се добијат во периодот од 14-ти до 16-ти април.