Adem Şalvarcıoğlu
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Отворена е канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Куала Лумпур.
На отворањето присуствуваа заменик генералниот директор на АА, Мустафа Озкаја, членовите на Управниот одбор на АА, Али Туркер Пиртини и Мухамет Салих Демиркан, регионалниот директор за Европа и Америка, Урал Јесил и главниот секретар на амбасадорот на Република Турција во Куала Лумпур, Бахар Доган.
Озкаја изјави дека Малезија е многу важна земја во тој регион. Тој потсети дека на почетокот на оваа недела отвориле сервис на индонезиски јазик како и Претставништво за Пацификот.
„Вчера започна со работа сервисот на шпански јазик во Колумбија. Канцеларијата која денес ја отвориме во Малезија ќе даде значаен придонес на глобалната визија на АА. Со отварањето на Канцеларијата во Кина следната недела, додатно ќе се зајакне нашата структура на Азиско-пацифичкото подрачје“, изјави Озкаја.
Тој најави дека во краток временски период ќе биде отворена и Канцеларија во Пакистан.
„АА продолжува силно да се развива во сите региони “, порача Озкаја.
Али Туркер Пиртини е горд на работата на АА во цел свет. Тој укажа на значењето на отворање на канцеларија во Малезија, како за регионот така и за Турција.
Дека Anadolu Agency со отворањето на нови канцеларии ја шири својата мрежа во светот смета и Мухамед Салих Демиркан. На овој начин, според неговите зборови, АА се доближила уште еден чекор до 100-годишната визија.
Новинската агенција Anadolu Agency (AA) на свечената церемонија во Џакарта, одржана на 23 октомври, го отвори сервисот на АА на индонезиски јазик и Претставништво за Пацификот.
АА моментално објавува вести и содржина на турски, англиски, арапски, БХС (босански, хрватски, српски), руски, курдски, персиски, француски, албански, македонски, индонезиски и шпански.