Ali Cura
29 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин, информираше дека на 1 декември ќе се состане со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската агенција РИА, врз база на информациите добиени од страна на руската делегација во Аргентина, објави вест дека за време на Самитот на Г-20 во Аргентина ќе се сретнат Путин и Трамп.
Средбата ќе се одржи во хотел во главниот град Буенос Аирес, на 1 декември во 15:30 часот по средноевропско време.