Zehra Ulucak
29 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
ЛОГАНСПОРТ (АА) - Пожар уништи двокатница во американската сојузна држава Индијана. Во пожарот животот го загубија 6 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставник на сојузната полиција на Индијана, Тони Слокум, соопшти дека на 115 километри од градот Индијанополис, во руралните предели на државата, од остатоците на куќата која изгорела во пожар, извлекле 6 тела, од кои 4 им припаѓале на деца.
Шерифот Ренди Прајер информираше дека во болница се префрлени две возрасни лица кои успеале да избегаат од опожарената куќа.
Прајер рече дека според извлечените тела, се претпоставува дека загинатите 4 деца биле на возраст под 10 години, од кои едното било бебе.
Официјален претставник на противпожарната служба, Стив Криспен, изјави дека кога пристигнале на местото на несреќата, затекнале двокатница во пламен, чиј покрив се урнал од пожарот.