Admir Fazlagic
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - При обид да ја поминат Сува река се удавија тројца бегалци, додека други 23 лица се спасени, информираа невладините организации кои се активни на теренот, јавува Anadolu Agency (AA).
"Три лица се удавени во Гевгелија, а нивниот идентитет доприва се утврдува. Екипите се на терен и вршат увид" , изјавија од МВР за АА, најавувајќи дека повеќе детали ќе следуваат покасно.
Невладините организации информираат дека несреќата се случила рано утрово, при што се удавиле две машки лица и една жена, а други 23 лица се спасени, извадени од водата и однесени во прифатно- транзитниот центар Винојуг каде им се укажува потребна медицинска помош.