Ö.Buğra Ersavaş
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за спорт и млади на Република Турција, Акиф Чагатај Килич, денес во Анкара изјави дека во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, во неговото Министерство до денес, повлечени се 322 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Килич беше гостин на денешниот уреднички колегиум на АА во Анкара, каде што одговараше на прашања на новинарите и уредниците на АА од сите делови на светот, па се осврна на актуелните случувања во Турција.
Зборувајќи за борбата против терористичката организација ФЕТО, Килич изјави дека Турција ги зацртала своите цели за 2023, 2053 и 2071 година.
„Сите заедно ќе напредуваме кон тој пат. Во исто време ќе се бориме и ќе бидеме единствени против оние што сакаат да го нарушат нашето единство, да предизвикаат сомнеж, да ги делат нашите граѓани. Верувам дека во најкраток рок, на одлучен начин ќе ги искорениме (ФЕТО) од Турција“, изјави министерот Килич.
Тој нагласи дека во рамките на истрагата против ФЕТО, досега во неговото министерство, од функција се повлечени 322 лица.
Килич истакна дека во ноќта на 15 јули, при обидот за државен удар на терористите на ФЕТО, целиот свет видел што се подготвени да сторат тие злосторници.
„Ги земате авионите Ф-16 што ви ги даде во аманет нашиот народ и татковината. Потоа го бомбардирате истиот народ, зградата на претседателството и другите институции. Каква е таа состојба на губење на разумот? Предавство не е е доволен збор што може тоа да го опише. Зборовите се немоќни, ова е нешто поголемо од предавство“, изјави Килич.
На прашањето на новинарот на АА дали турските олимпијци одговориле на очекувањата на овогодишните олимписки игри во Рио де Женеиро, Килич беше јасен.
„Ако погледнеме на капацитетот, потенцијалот и на бројот на жители на Турција, можам отворено да кажам дека очекувањата не се задоволени“.