Hakkı Kurban
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во 2107 година Турција го оствари вториот најголем износ на извоз во историјата на републиката од 157,1 милијарда долари, според податоците објавени денес од Министерството за царини и трговија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците покажуваат дека извозот на Турција достигна 157,1 милијарда долари во периодот јануари-декември 2017 година, што претставува пораст за 10,22 отсто.
Вкупниот годишен износ е втор по вредност само во однос на 2014 година, кога Турција забележа извоз од 157,6 милијарди долари.
Новите податоци за извозот го покажуваат големиот пораст во текот на 2017 година.
Според турскиот Институт за статистика (TurkStat), економскиот раст на земјата ги победи прогнозите за првиот и вториот квартал од годината (5,3, односно 5,4 отсто) со што Турција станува најбрзорастечката економија меѓу земјите од групата Г-20, со неочекувано висок раст од 11,1 отсто во третиот квартал од 2017 година.
Во извештајот се наведува дека увозот на Турција во истиот период се зголемил за 17.92 отсто, на 234,2 милијарди долари.
Обемот на надворешната трговија на Турција изнесува 391,3 милијарди долари, што претставува раст од 14,70 отсто во периодот јануари-декември 2017 година.
Надворешниот трговски дефицит на годишно ниво достигна 37,5 отсто за истиот период, односно 77,06 милијарди долари.
Во 2017 година, Турција остварила извоз на стоки во вредност од 15,1 милијарди долари во Германија, по што следи Велика Британија со 9,6 милијарди долари и Ирак со извоз во износ од 9,1 милијарда долари.
Најголем извозник во Турција беше Кина, со 23,4 милијарди долари, по што следи Германија со 21,3 милијарди долари, а трета Русија со 19,6 милијарди долари.
Според податоците на министерството, Турција исто така ја надмина својата цел за извоз од 156,5 милијарди американски долари за крајот на годината, според Среднорочната економска програма.
- Извозот на Турција во месец декември 2017 година -
Во декември 2017 година, извозот на Турција постигна раст од 8,59 отсто, односно 13,9 милијарди долари, додека увозот порасна за 27,7 отсто, односно 23,5 милијарди долари, велат официјалните податоци.
Обемот на надворешната трговија на Турција достигна 37,3 милијарди долари, што претставува пораст од 19,85 отсто за тој месец.
Во декември 2017 година се зголеми и надворешниот трговски дефицит на земјата за 71,36 отсто, односно 9,6 милијарди долари.
Во декември 2017 година, Турција најмногу извезуваше во Германија со 1,3 милијарди долари, Велика Британија е на второто место со остварен извоз во вредност од 832 милиони долари, а Италија е трета со 775 милиони долари.
Турција во текот на декември најмногу увезуваше од Германија, во висина од 2,2 милијарди долари, потоа од Кина, со увоз од 2,1 милијарда долари и од Русија со 1,9 милијарди долари.