Merve Aydoğan
10 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
АНКАРА/ИЗМИР (АА) - Осум лица го загубија животот, а едно лице е спасено во потонувањето на чамец кој превезувал илегални мигранти во близина на брегот на турската област Измир, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори соопштија дека чамецот, кој превезувал мигранти кои сакале илегално да преминат во Грција, потонал во близина на Карабурун, Измир.
Се додава дека бројот на загинати, од четири, колку што беа претходно соопштени, се зголемил на осум, додека потрагата по останатите 26 мигранти продолжува.
Акцијата за потрага и спасување започна по спасувањето на мигрантката, во согласност со информациите што им ги понуди на службите.
Во соопштението на турското МВР се истакнува дека Ирачанка со елек за спасување и со мокри алишта дошла во локалната жандармерија да побара помош.
Според сведочењето на жената, беше започната акција во која беа вклучени една корвета на крајбрежната стража, два брода, еден авион и еден хеликоптер на крајбрежната стража, заедно со тим од жандармеријата.
Од турското МВР се додава дека акцијата за спасување сѐ уште трае, со цел пронаоѓање на останатите исчезнати мигранти.
Турција е главна рута за илегалните мигранти при обидот да стигнат во Европа, особено по започнувањето на сириската Граѓанска војна во 2011 година.