Nilay Kar
01 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 59 поранешни полициски службеници се уапсени низ Турција како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извори кои зборуваа под услов да останат анонимни, апсењата се случиле откако од канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара биле издадени налози за апсење на 88 поранешни полициски службеници во 12 области низ Турција, вклучувајќи го и главниот град Анкара.
Лицата се сомничат дека се дел од структурите на ФЕТО во полицијата.
Од канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, исто така се трага и по други 21 осомничено лице, поради користење на апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО, „БајЛок“ (ByLock).
Потрагата на полицијата по осомничените е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.