Elena Teslova
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет со кој го укинува Договорот за пријателство меѓу Русија и Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Декретот беше објавен денес на официјалната претседателска веб-страница.
„Договорот за пријателство, соработка и парнерство меѓу Украина и Руската Федерација беше потпишан меѓу Русија и Украина во 1997 година, кој ги опишуваше двете земји како стратешки сојузници“.
Во Договорот стоеше дека Русија и Украина треба меѓусебно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет и да ја потврдат неповредливоста на постоечките меѓусебни граници.
Во 2014 година Русија го анектираше Кримскиот Полуостров, прекршувајќи еден од главните членови на Договорот.