Ekipa
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Еден од најчесто користените методи од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО кои живеат во странство, стравувајќи да не бидат фатени, е трансферирањето на нивните институции или компании на трети лица кои сметаат дека се доверливи. Припадниците на оваа организација, на овој начин се обидуваат да ги обезбедат своите компании или институции кои му даваат финансиска поддршка на тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации до кој дојде АА, стабилното водење на истрагите против ФЕТО, особено по обидот за државен удар на 15 јули, ги плаши и припадниците на оваа организација кои се во странство.
Преземањето на училиштата на ФЕТО, кои се најголемиот финансиски извор на оваа организација во странство, од страна на Турската фондација Маариф, и реализираните работи на оваа турска фондација за создавање алтернативи за овие училишта, ги пренасочуваат припадниците на оваа терористичка организација кон илегални дејствија за да не ги изгубат училиштата кои се нивни последни адути. Менувањето на сопствениците или акционерите на институциите или компаниите на ФЕТО се меѓу првите користени методи.
На овој начин припадниците на ФЕТО со трансферирање на своите акции или компании на лица во кои имаат доверба, чија поврзаност не ќе може да биде пронајдена на легален начин, се обидуваат да покажат дека немаат врска со терористичката организација.
Припадниците на ФЕТО на Балканот, каде што постојат околу 40 образовни институции на оваа организација, меѓу кои училишта и универзитети, како и голем број деловни организации, ги трансферираат нивните институции и компании на локалните граѓани или на државјани на Европската Унија (ЕУ) кои тие ги опишуваат како доверливи според свооите критериуми.
Припадниците на оваа терористичка организација на овој начин тврдат дека институциите и команиите чии сопственици се менувани, не ѝ припаѓаат на терористичката организација ФЕТО, и сметаат дека полесно ќе ги продолжат своите активности.
- Од ден на ден се намалуваат финансиските извори -
Покрај ова стравување во странство, од ден на ден ФЕТО доживува и пад од економски аспект. Припадниците на ФЕТО кои собрале голема сума пари злоупотребувајќи ги чувствата на жителите на повеќе земји во Европа, веќе не можат да добијат поддршка во странство, особено по обидот за државен удар на 15 јули во Турција. Припадниците на оваа терористичка организација, кои најголемите финансиски извори ги добиваат преку донации, садакатул-фитр, како и донации за курбан бајрам, не можат да ги добијат овие донации или пак не ги земаат за да не бидат откриени.
Исто така, припадниците на ФЕТО кои не можат да добијат донации, се во паника поради тоа што брзо ќе ги изгубат институциите и компаниите на ФЕТО, особено образовните установи.
- Со трансферирање не можат да се прочистат од тероризам -
Надлежните соопштуваат дека ја пресекле „играта на трансферирање“ на ФЕТО бидејќи турските власти во странство го откриваат вистинското лице на ФЕТО.
Безбедносните претставници велат дека дури и ако се менуваат сопствениците или акционерите на овие компании, не можат да се покријат илегалните активности, како и евиденциите од минатото на овие институции и компании кои претежно биле користени за перење пари.